Tiverija 7 V 0 Ovce Pole
⚽ Result
TIVERIJA 7
Ovce Pole 0
🏆 Competition
Treta Liga Istok 2009/2010 3
Home league match
📅 When
Sunday, 06 December 2009
📍 Venue
Home
ТИВЕРИЈА - ОВЧЕ ПОЛЕ 7-0
Лесен тренинг натпревар за екипата на Тиверија. Гостите од Свети Николе настапија со кадеската екипа додека тренерот на домашните Митев одмори неколку стандардни првотимци пред најважниот натпревар кој треба да се одигра за една недела во Кочани.
Се чини дека Тиверијанците можеа да дадат гол кога ќе посакаат па така веќе по 20-тина минути од првиот дел резултатот беше 4-0. Тренерот Митев направи „хокејарска“ измена и од игра ги повлече „искусните“ Алаѓозовски, Нистров и С. Јованов. На нивно место влегоа младите Петров, Т. Серафимовски и Циев кој постигна 2 гола и беше единствениот од резервистите што ја оправда довербата на тренерот Митев.
Најдобар на натпреварот повторно беше везистот Панче Јорданов кој „царуваше“ по средината на теренот. Одлична партија прикажа и младиот голман Мишовски кој одбрани неколку „зицери“ на гостите.